Името Македонија ги вознемири и грчките олимпијци

Грција побарала од организаторот на Олимписките игри да биде сменета кратенката МКД во официјалните документи на Олимпијадата, и Бразил наводно ветил дека тоа ќе биде корегирано.

- Веќе интервениравме за прашањето за Скопје, затоа што Бразилците ја викаат Македонија, и не информираа дека тоа ќе се корегира, изјавил за „Катимерини“ Исидорос Кувелос, кој ја предводи грчката олимписка мисија.

И весникот „Етнос“ вчера информира дека тоа што бразилскиот организатор на Олимписките игри на официјалниот сајт го употебил името „Македонија“ наместо „ФИРОМ“, предизвикало бурни реакции од грчка страна.

- И покрај јасните инструкции од Грчкиот олимписки комитет дека соседната земја треба да се пишува како ФИРОМ, Бразилците го користат ‘МКД’ и рефренците на тоа име, особено на официјалниот сајт на Рио 2016“, пишува „Етнос“.

Според весникот, „прашањето го покренало Министерството за надворешни работи кое го информирало Кувелос и тој побарал да се користи името што е признаено од страна на ОН и Меѓународната олимписка комисија“.

 
 
02.08.2016 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега