До ДИК 980 барања од граѓани со спорни записи

До Државната изборна комисија (ДИК) до 13:00 часот се пријавиле вкупно 980 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.

Од нив, 289 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 691 за пријавување ја искористиле веб – апликацијата на интернет страницата на ДИК.

ДИК денеска ги објави поднесените пријави по општини. Најмногу пријави има во подрачната единица на ДИК во Чаир 180, потоа во скопски Аеродром 83, во скопски Центар 76, во Кичево 62, во Гостивар 55, во Тетово-52 и скопската општина Карпош – 42.

 

 
 
02.08.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега