Нема крај на црните вести: Еден загинат и 14 повредени во Скопје

Вкупно 27 сообраќајни незгоди се случиле на подрачјето на СВР Скопје во текот на изминатите два дена, во кои едно лице загина, четири се здобиле со тешки повреди, а 10 се полесно повредени. Во 14 од сообраќајките е регистрирана материјална штета.  

 Како што соопшти МВР, во текот на изминатите два дена од страна на сообраќајната полиција, откриени се и поголем број прекршоци, меѓу кои три поминувања на црвено светло на семафорите, некористење сигурносен појас или користење мобилниот телефон, 15 пешаци сториле прекршоци по разни основи, а затекнати се и 12 возачи кои за време на управување на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл не носеле заштитен шлем.

Со помош на специјалното возило Пајак, биле отстранети 43 возила.

 
 
03.08.2016 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега