Невреме доаѓа но пеколот останува - еве што ја чека Македонија вечерва и утре

Посвеж воздух вечерва ќе се спушти на територијата на Република Македонија и ќе овозможи освежување и паѓање на температурата од пет до шест степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  

Во Скопје попладне се очекува локален дожд, грмежи и засилен ветер.

За утре во попладневните и ноќните часови, се најавува локално нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Невремето ќе биде проследено со високи температури.

Утринската температура ќе се движи од 12 до 22 степени, а дневната од 35 до 41 степен.

најчитано сега