ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ на македонските граѓани им нанесе директна штета од 25 милиони евра

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и финансиските терористи од СДСМ се уверија и на терен дека граѓаните не ги поддржуваат деструктивните антидржавни политики на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-СДСМ на македонските граѓани им нанесе директна штета од 25 милиони евра, пари кои нема да завршат во нови проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот, туку во туѓи џебови, само затоа што СДСМ се води по мотото „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“. Неодамна во уште еден чин на финансиски тероризам и вештачки создадена паника, аболицираниот криминалец Заев и СДСМ натераа граѓани, без постоење на објективни причини, да ги повлекуваат заштедите и да изгубат огромни милионски средства на име на камати. За ваквите антидржавни обиди на СДСМ за нарушување на финансиската стабилност и финансиските текови во Македонија, аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ ќе одговараат пред народот кој жестоко ќе ги казни десетти пат по ред, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Впрочем, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ дозна со свои очи и уши најдиректно каков е ставот на народот за деструктивното однесување на криминалците од Бихаќка и ниту една измислица од СДСМ нема да го промени тоа.

-Напротив, со секоја смешна закана од СДСМ казната која Заев и останатите финансиски терористи ќе ја платат на избори ќе биде се поголема и поголема.

 
 
03.08.2016 - 15:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега