Пожарникарите два часа се справуваа со пожарот: Млекарницата Николови одново ќе се гради

 

По големиот пожар кој ја пеплоса познатата млекарница Николови, таа ќе мора повторно да се гради. Според командирот на светиниколската противпожарна единица, Зоран Трајчев, во огнената стихија што ја гаснеа светиниколските пожарникари, со помош на противпожарни екипи од Штип и од Велес, изгореле околу 1.200 квадратни метри деловен простор, односно погонот и магацините, а бил спасен канцеларискиот дел, пишува Утрински.

Според весникот, штетата е милион евра, се е изгорено. Млекарницата има дваесетина вработени и околу 300 кооперанти. Нема да се прекине со производството бидејчи во магацините има резерви кои ќе бидат продавани и достапни до купувачите.

Пожарот избувнал околу 9 часот утрото на 1 август и за 20-ина минути зафатил поголем дел од млекарницата, при што ја уништил целата опрема која се користи за обработка на млекото и млечните производи. Повеќе од два часа им биле потребни на противпожарните бригади да се справат со огнените јазици. Во интервенцијата бил полесно повреден еден пожарникар.

 
 
04.08.2016 - 08:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега