ВИДЕО: Вака дошло до трагедијата која ја потресе Македонија

Графички приказ на ТВ Нова прикажува како дошло до сообраќајната несреќа што се случи утрово на патот Демир Капија – Удово.

Според информациите од Oсновнoто јавно обвинителство Гевгелија, несреќата се случила на магистралниот пат Демир Капија – Удово, кај месноста Света Петка кога се судриле автомобил марка „ауди А4“ со германски регистарски таблици, управуван од четириесет и шестгодишен странски државјанин, автобус на „Струмица експрес“ и автомобил „фиат сеиченто“ со скопски регистарски таблици управувано од четириесет и едногодишен скопјанец.

Во сообраќајката загинаа возачот на „фиатот“ и неговата триесет и двегодишна сопруга, додека нивниот син е повреден и во критична состојба е пренесен на скопските клиники.

 

 
 
04.08.2016 - 10:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега