Денешниот празник е важен за жените: Направете го ова и ќе ви се исполнат желбите

Денешниот голем празник Света Марија Магдалина црквата ја нарече уште рамноапостолна, бидејќи беше првата што го виде воскреснатиот Христос и проповедаше за тоа. Инаку, потекнуваше од градот Магдала (по тоа е наречена Магдалина). Од неа Христос истера седум демони. Од тој момент таа толку го возљуби Господа што не се одвои од него дури ни при неговото распнување. По неговото воскресение едно време престојуваше во Ерусалим, а потоа му помагаше на свети Јован Богослов во проповедта на словото Божјо во Ефес, каде и го заврши својот земен живот. Во петтиот век моштите и се пренесени во Цариград.

Овој празник е особено значаен за жените. Денеска треба да се одмара, не е добро да се работи ни дома, ни на поле, бидејќи светицата ќе се налути. 

Се верува дека ако жените одат во црква денеска, се помолат и запалат свеќа, желбата која ќе ја посакаат ќе им се исполни.

Денеска се можни и временски непогоди, бидејќи вообичаено има невреме на овој ден.

 

 
 
04.08.2016 - 10:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега