Се уште се трага по партнерот на убиената жена кај Калиманци

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Делчево и натаму врши увид на локацијата кај вештачката акумулација Калиманци, каде вчера беше пронајдено телото на една жена. По наредба на јавниот обвинител, врз пронајденото тело е извршена обдукција.

Телото е идентификувано како 31-годишната Т.С. од с. Дулица. Во близина на акумулацијата се пронајдени траги на автомобил, но се уште не се пронајдени ниту автомобилот, ниту друго лице во водите на езерото.

Интензивно се работи на расветлување на настанот.

 

 
 
04.08.2016 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега