Вo недела осветување на црквата „Свети Пантелејмон“ во Прилеп

На 7 август, во недела, ќе биде осветена црквата „Св. Пантелејмон“, изградена во кругот на прлепската болница „Борка Талески“, соопшти денеска градоначалникот Марјан Ристески.
 
- Иницијативата за изграба на малата црква „Свет Пантелејмон“ во кругот на болницата е од пред четири години по барање на верниците и проектот за нејзината изградба влезе во деталниот урбанистички план. Темелите беа поставени на 19 април 2012 година, а задутре ќе биде осветена па ги покануваме верниците да присуствуваат на чинот на осветувањето, рече Ристески.
 
Осветувањето ќе почне во седум часот, а со него ќе чиноначалствува владиката Петар во сослужение со прилепското архиерејското намесништво.
 
 
За прилепскиот архиерејски намесник, протојереј Благоја Станкоски, еднаш се осветува црква и тоа е свет чин. - Осветувањето е  посебен  и значаен чин и затоа е пожелно верниците да се запознаат со него, оти црква еднаш се осветува, рече Станкоски.
 
Од локалната самоуправа уверуваат дека црквата е изградена по сите црковни стандарди во чест и спомен на светецот, заштитник на болните и на лекарите
 
 
05.08.2016 - 19:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега