Што направи Бејта за 100 дена во Гостивар?

За првите сто дена, откако ја презедовме власта, успеавме да направиме повеќе од ветеното, а најголем успех е што општината не е повеќе во изолација, рече градоначалникот Невзат Бејта во дадениот отчет за сработеното.

На прес - конференција, Бејта говореше за реализираните инвестиции чија врдност, како што рече, е над еден милион евра. Парите биле вложени во подобрување на сообраќајот, условите во образованието и комуналната хигиена. Спроед него, половината од средствата се инвестирани во изминативе денови за потребите на ЈП Комуналец. Со кредит од половина милион евра комуналното претпријатие, го поднови возниот парк со пет специјални возила.

- Можам да ветам дека програмата претставена во предизборието ќе биде реализрана во целост, бидејќи граѓаните и нивните интереси се приоритет. Сега општината е отворена за соработка и на тоа работиме посветено, рече Бејта на прес-конференцијата. 

ФОТО: mls.gov.mk

најчитано сега