Големо разладување - еве какво време не` очекува до среда

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе се движи од 27 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне и во текот на ноќта во западните делови со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.

Од утре попладне до понеделник ќе има локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните делови.

Поизразена нестабилност се очекува во недела.

Во вторник се уште ќе има услови за слаб локален дожд, а извесно стабилизирање на времето ќе има од среда.

 
 
05.08.2016 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега