Поплавено основното училиште „Кочо Рацин"

Општина Центар информира дека од невремето синоќа најмногу штети има на ОУ „Кочо Рацин“ каде 90 проценти од површината на училиштето била поплавена. Штета има и на општинската зграда, поплавени се две куќи на Водно, неколку гаражи во Дебар Маало, а поголеми штети има на раскрсницата меѓу улиците „Христо Чернопеев“ и „Славејко Арсов“.

Од Општината наведуваат дека од утре ќе се започне со санирање на штетите во електричната инсталација и кречење на ѕидовите во ОУ „Кочо Рацин“.

Во Општината се врши проценка на штетата, каде е уништен дел од компјутерската опрема и подовите, и се прави план за санација.

- Поголеми штети по имотите на граѓаните нема. Поплавени се две куќи во реонот Мало Курило на Водно, каде водата е веќе испумпана. Благодарение на неодамнешното чистење на каналите на оваа критична точка на Водно, превенирана е далеку поголема штета, стои во соопштението.

Во него се додава дека на општетената раскрсница на улиците „Христо Татарчев“ и „Славејко Арсов“ се одвиваат градежни работи за реконтрукција на коловозот, но тампонот е однесен од водата.

Од поплавените гаражи, како што стои во соопштението, се испумпува  водата со пумпи.

Општината апелира до граѓаните кои имаат потреба од помош или да пријават штета да се јават на 072 268 746.

 
 
07.08.2016 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега