ФОТО:Тодоров и Спасов на терен - помошта веќе се доставува

Страшното невреме кое вчера го зафати скопскиот регион однесе 21 жертва, но се спасени повеќе од 1.000 луѓе. Сите екипи кои се задолжени со справување со последиците од невремето се на терен.

На терен денеска беа и министерот за здравство и вицепремиер Никола Тодорв, заедно со министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, придружувани од претставници од Владата и општина Гази Баба, ги посетија поплавените места.

Најпогодени од невремето се Стајковци и населеното место Економија. Поплавени домови, скрпени огради, уништени насади.

Граѓаните на министерот Тодоров и Спасов им ги споделија страшните искуства од невремето а беа информирани дека екипи за проценка на штетите излегуваат веднаш на терен. На терен се и екипи од Црвен крст и АРМ кои им помагаат на граѓаните и им носат вода за пиење, која во моментов им е најпотребна.

Во училиштето „25 мај“ има храна и вода, а граѓаните од министрите беа информирани дека ќе бидат поставени и други клучни точки каде што ќе можат да се снабдат со вода, средства за хигиена, храна и облека.

-Храна и вода и облека ќе бидат донесени и во населено место Економија. Ќе исконтактирам и ќе договорам со екипите на Црвен крст, рече Спасов.

 
 
07.08.2016 - 17:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега