Ден на жалост во Македонија: Одложено чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски

Македонската академија на науките и уметностите соопшти дека чествувањето на 1100-годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски, закажана за денеска се одложува за утре.

Според програмата, во 12 часот во црквата „Света Софија“ во Охрид каде ќе биде отворена изложба на копии на фрески насловена „Портретите на Свети Климент Охридски во ликовната уметност на Македонија и на соседните земји“. 

Во 21 часот во Домот на културата „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи свечена академија посветена на 1100 годишнината од упокојувањето на Св. Климент Охридски.

Македонската академија на науките и уметностите изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите во невремето во скопскиот регион. 

 
 
08.08.2016 - 10:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега