Невремето не го заобиколи ни Бутел

Невремето што го погоди Скопје и околината не ја заобиколи и општина Бутел. Затоа, од страна на градоначалникот Петре Латиновски, веднаш во текот на ноќта, беше свикан состанок сo кризниот штаб на општина Бутел.

Формирано е и посебно тело за отстранување на штетите и последиците од поплавите, со кое раководи градоначалникот Латиновски, информираат од општина Бутел.

Веднаш се известени вработените, а набрзо е активирана и градежна механизација на најкритичните точки во општината. Приоритетно беше оспособувањето на патниот правец Радишани –Љубанци, како и сообраќајниците во населените места: Жегроец, Љуботенски пат и Раштански пат.

Во текот на вчерашниот ден активностите продолжија, и во соработка со ЈП Водовод и Канализација обезбедена беше цистерна за испумпување на вода од поплавените куќи во Жегроец и Бутел.

Денеска, механизацијата ќе биде ангажирана во Љуботен и Раштански пат за расчистување на последиците од поплавата.

-Исто така, на терен е испратена општинска екипа за отстранување на дефектите на уличното осветлување, велат од општината и додаваат:

Упатуваме апел до граѓаните од општина Бутел, кои се погодени од невремето на било кој начин и им е потребна помош да се јават кај следниве лица за контакт од општина Бутел:

Слободан Невенов ( 075 442-103), Ивица Тодоровски (071 238-998), Снежана Клинчарова (076 438-721) и Сузана Мартиновска (076 404-588).

Упатуваме апел и до сите граѓани на општина Бутел кои сакаат да им помогнат на настраданите во поплавите на територијата на град Скопје, своите средства да ги уплатат на следнава жиро сметка на Комерцијална банка:

ЖС. 300000001327966 – Комерцијална банка ###

 
 
08.08.2016 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега