Во Кавадарци се собира помош за настраданите во скопско

На два пункта во Кавадарци се собира помош за настраданите од невремето во Скопско. Едниот пункт е во Црвениот крст, а другиот на градскиот плоштад.

Како што информира Димитар Каракулев, претседател на Општинската организација на Црвениот крст, пунктовите ќе бидат отворени секој ден во наредните неколку дена, од изутрина до околу 16 часот, а по потреба тој временски период може да биде и продолжен.

- Собраната помош континуирано се доставува. Да донираат помош се заинтересирани и поголеми компании и дисконти, соопшти  Каракулев.

Во организација на Црвениот крст и ноќниот клуб „Експрес кафе” синоќа беше организирана донација на финансиски средства за настраданите од невремето. Хуманата акција ќе продолжи и во четирите денови од наредниот викенд. 

 
 
08.08.2016 - 14:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега