Општина Кисела Вода организира хуманитарна акција за помош на поплавените семејства

Општина Кисела Вода ги повикува сите хумани граѓани да се приклучат во хуманитарната собирна акција за помош на населението кое претрпе штети во големото невреме што го зафати градот Скопје.

За таа цел, отворени се вратите на сите месни и урбани заедници во општина Кисела Вода. Од  06:30 до 22 часот, на овие локации, сите хумани граѓани во рамки на своите можности можат да донираат флаширана вода, конзервирана и бебешка храна и хигиенски средства кои во моментов им се најпотребни на семејствата погодени од поплавите.

 
 
08.08.2016 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега