Осудениците од Идризово се вклучуваат во расчистувањето на кризните места

Катастрофалното невреме кое го погоди Скопје, спои многумина кои сакаат да помогнат во оваа тешка ситуација.

Во акцијата за санирање на последиците од елементарната непогода која го погоди главниот град на Македонија, активно се вклучуваат и штитениците од КПУ Идризово од машкиот и женскиот дел, во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Општината Гази Баба.

Помош за најпогодените места од поплавата стигнува од сите краишта на нашата земја, а помош досега најави и нашиот северен сосед Србија.

 
 
08.08.2016 - 14:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега