Цела Македонија за помош на Скопје: Радовишани ја покажуваат својата хуманост

Уште во раните утрински часови на плоштадот Св. Спасо Радовишки започна Хуманитарната акција за донирање, за настраданите во поплавите кој го зафатија Скопје.

Радовишани, донирајќи ги потребите продукти на пунктот кој е поставен во центарот на градот, активно се вклучија во Хуманитарната акција која е во организација на Општинската организација на Црвен Крст од Радовиш и ЕЛС Општина Радовиш.

Акцијата се состои во донирање на вода за пиење, конзервирана храна, средства за лична хигиена, средства за дезинфекција, детергенти, марамици, пелени за бебиња и сл.

radovis donacii1

radovis donacii3

Покрај хуманитарната акција општина Радовиш испрати екипа од осум пожарникари од ТППЕ Радовиш со сите расположливи средства и целокупна опрема за испумпување на водата и санирање на последиците од наносите кој го зафатија нашиот главен град.

radovis donacii2

Заинтересираните правни субјекти и граѓани, дополнително можат да се вклучат и со донирање на парична помош, со уплата на Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966,  ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка, или со донирање 100 денари преку телефонски повик на 143 400 преку сите мобилни оператори.

 
 
08.08.2016 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега