ВИДЕО: Голем пожар на Лефкада – горат куќи
Најмалку 4 куќи се запалени, се евакуира црквата, а противпожарните екипи се обидуваат да го стават под контрола пожарот во стариот дел на градот на грчкиот остров Лефкада.
За сега нема информации за повредени, а пожарот се шири на крововите на куќите.
Со 15 противпожарни возила, 35 пожарникари и хеликоптер, во тек е акцијата за гаснење на пожарот што, од непознати причини, изби по 12 часот напладне.
____________________________________________________________________________