Пешевски: Сите органи на државата се максимално вклучени
Ситуацијата е прилично сложена, радува што целото население е вклучено во расчистување на теренот. Тесните улици се малку проблематични бидејќи механизацијата со која располагаме е од поголем обем, сега се користи до максимум она што се има и што може да влезе по улиците, изјави вицепремиерот Владимир Пешевски кој денес ги посети поплавените населби Ченто, Економија и Камник
-Во наредните денови ќе дојде до расчистување, но ќе биде потребно повеќе време за да се воведе целосен ред. Во училиштето „25 Мај“ има пункт каде се дели храна и вода, но ќе направиме промена на системот да се направат повеќе пунктови бидејќи не секогаш храната стигнува до најзагрозените подрачја, луѓето се зафатени со чистење и немаат време да дојдат. Тука АРМ ќе помогне, но сите органи на државата се максимално вклучени, истакна Пешевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа