И утре се очекува да има невреме во Скопје

 - Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Температурата ќе се движи од 22 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Кон крајот на денот ќе настапи стабилизирање на времето. Ќе дува слаб до умерен североисточен ветер

Температурата ќе достигне до 29 степени.

Во среда и во четврток претпладне ќе биде претежно сончево и потопло. Во четврток попладне под влијание на посвежа воздушна маса од север ќе има локален дожд и грмежи, а од петок засилен северен ветер и пад на температурите.

 
 
08.08.2016 - 17:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега