ВИДЕО: Апокалиптични сцени во Црешево

Среќни сме што спасивме живи глави, велат од семејството Крстевски, кој во трагичниот момент седеле во собата и чекале да се случи најлошото, пренесува Канал 5.

Водите И Камењата Носеле Се Пред Себе. Во Селото Останала Само Црквичката, А Се Друго Бранот Однел Кон Стајковци.
Синовите на Роте се обидуваат сами да ги расчистат огромните наноси камења и земја околу куќата , во страв дека следниот дожд ќе им ја урне веќе напукнатата куќа.

Тешката механизација е приоритет за да се спасат затрупаните куќи во Црешево. Немаат ниту храна , ниту лекови за болниот Роте. И облеката и покуќнината исчезна во трагичната ноќ .

Од семејството Крстевски се надеваат и дека добронамерните ќе им помогнат за да преживеат и ќе може да вратат барем мал дел од она што им ги однесоа разбеснатите води.

 
 
08.08.2016 - 18:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега