Албанија издвои 100.000 евра за Македонија

- Албанската Влада одлучи да испрати 100.000 евра за санирање на послеиците во настраданите подрачја во Македонија.

Веста ја соопшти министерот за финансии Дитмир Бушати, кој додаде дека продолжуваат контактите со македонските власти за добивање информации за предизвиканите штети, со цел помошта да продолжи.

- Ова е првичен фонд бидејќи македонските власти се уште немаат целосен, јасен биланс за причинетата штета и барањата. Албанија е секокаш до Македонија во секој момент, изјави Бушати.

Албанскиот државен врв веднаш по трагедијата што ја погоди Македонија, изразија длабоко сочувство и солидарност, како и целосна подготвеност да помогнат во санирањето на последиците. 

 
 
08.08.2016 - 20:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега