Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип донираше 25 тони вода за поплавените во скопско – тетовскиот регион

Утрово штипскиот Универзитет Гоце Делчев донира 25 тони флаширана вода за пиење за унесреќените во скопско – тетовскиот регион, информира ректорот Блажо Боев.

Воедно, Боев апелира и до останатите институции и поединци активно да се вклучат во акцијата за помош на настраданите граѓани од погодените подрачја во Скопје и Тетово од последното невреме.

– Како израз на нашата определба за солидарност кон граѓаните на скопскиот и тетовски регион кои ја доживеаја оваа природна непогода, Универзитетот Гоце Делчев, согласно своите можности, донира 25 илјади литри флаширана вода за пиење. Пратката е испорачана во Црвениот Крст во Скопје. Искрено се надевам дека и ова е добар пример за останатите институции и поединци активно да се вклучат во помагање на настраданите од невремето во погодените региони на Скопје и Тетово, изјави Ректорот на УГД, професор доктор Блажо Боев.

 
 
09.08.2016 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега