Закуп на земјиште во Струмица, Радовиш, Велес и Ресен за објекти за обработка на земјоделски производи

Во Ресен, Струмица, Радовиш и во Велес се нудат 600 хектари државно земјоделско земјиште под закуп. Огласот е наменски за градби на објекти за примарна обработка на земјоделски производи.

600 хектари државно земјоделско земјиште одат под закуп. Оранжерија за расад, сушара, винарска визба или објекти за примарна обработка на земјоделските производи треба да бидат изградени во рок од 4 години во регионите во Струмица, Радовиш, Велес и во Ресен.

Огласот за закуп ќе трае до крајот на овој месец, а изборот ќе биде по пат на електронско јавно наддавње.

Времетраењето за користење на земјиштето ќе биде различно.

Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат парцелите ќе ги добијат за период од 15 до 70 години.

Во  9-те објавени географски целини најмалата инвестиција на закупците ќе треба да изнесува 100.000, а најголемата 2,5 милиони евра.

Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица кои мораат да достават и банкарска гаранција за учество на јавен оглас во висина на понудена деветмесечна закупнина.

 
 
09.08.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега