Младите од Кавадарци се вклучуваат во помошта за настраданите од невремето

Младите од Кавадарци се вклучуваат во помошта за настраданите од невремето во Скопско и Тетовско. Волонтери од неколку младински организации од овој град вечерва ќе подготвуваат француски помфрит и британски чипс за сите посетители на центарот, а доброволните донации кои ќе ги остават присутните, ќе бидат наменети за поплавените.

Оваа активност е во организација на Младинскиот центар „Креактив”, Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА” и Советот за превенција против малолетничка деликвенција.

- Се повикуваат младите да ни се придружат, да се дружиме, а истовремено и да бидеме хумани и да помогнеме, рече Елена Данова од „Креактив”, во изјава за медиумите.

Настанот на кој се очекуваат бројни млади од Тиквешко и неколку странски земји, ќе се реализира во просториите на „Креактив”.

 
 
09.08.2016 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега