Семејствата ги зедоа телата на 11 загинати во поплавите

Единаесет тела од вкупно 14 тела на починатите во невремето кое во саботата го погоди Скопје, денеска беа подигнати од нивните семејства во “АД Бутел”, информираа од претпријатието.

-Досега, само три тела не се превземени од нивните семејства. Проблемот кој се јави вчера денеска е решен на начин што АД Бутел издава службена белешка за починатиот со која семејството продолжува на нотар да потпише изјава дека лицето загинало во поплавите и со двата документи заедно, тие продолжуваат во болницата Букурешт и можат да ги превземаат телата. Така се надмина правниот вакуум кој настана и семејствата ги превземаа телата на починатите, велат од ПР агенцијата Априори која е задолжена за АД Бутел.

 
 
09.08.2016 - 12:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега