Детенце од Кочани успеа да избега од канџите на педофил
24-годишниот В.К. од Кочани заработи кривична поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,полов напад врз дете кое не наполнило 14 години“. Пријавениот на 05. месецов во 22 часот и 15 минути на улицата „Роза Петрова“ во Кочани, со употреба на физичка сила, извршил полов напад врз единаесетгодишно девојче. Истото почнало да вика барајки помош, а со рацете го фатила за лицето и со мобилниот телефон го удрила по главата и во еден момент успеала да го оттурне од себе и да побегне.
Од страна на судија на претходна постапка на В.К. му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа