Иванов ги исполни барањата на граѓаните: Зголемен бројот на војници кои помагаат

На барање на граѓаните од подрачјата зафатени со невремето, претседателот на Република Македонија и врховен командант на Вооружените сили, Ѓорге Иванов, донесе одлука да ангажира дополнителен број на припадници на Армијата на Република Република Македонија, со цел да помогнат во санирањето на последиците и штетите од катастрофалното невреме и да ја пружат потребната помош на месното население.  

 Претседателот Иванов, веднаш по големото невреме кое во саботата навечер ја зафати Република Македонија, а особено скопскиот регион, ја задолжи Армијата на Република Македонија да ги стави на располагање сите расположливи капацитети, за помош во санирање на штетите предизвикани од невремето. Војската е активно вклучена на терен со сите расположливи ресурси, со цел ублажување на последиците во најпогодените подрачја.

 

 
 
09.08.2016 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега