Расте бројот на загинати во невремето - екипите трагаат по уште четири лица

Уште четири лица се пријавени за исчезнати, информира денеска на прес конференција Шабан Салиу, директорот на Агенцијата за заштита и спасување.

Салиу информираше дека нивните екипи се постојано на терен и работат активно со целосен капацитет од 85 пумпи за испумпување на водата, а Владата ќе ги снабди со уште околу илјада пумпи.

– Нормално е дека луѓето се нервозни, имаат претрпено големи штети. Но ние не можеме во еден ден да ја санираме целата штета, работиме на тоа максимално да им се помогне на сите настрадани семејства. Засега најважно е да се исцрпи водата. Очкувам за 2-3 дена да има видливи резултати – вели Салиу.

Бројката на загинати во катастрофалното невреме  порасна на 22 лица. 

 
 
09.08.2016 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега