Прилепска пиварница со помош за настраданите во поплавите

Прилепска Пиварница со голема донација од 25 000 литри флаширана вода и финансиски средства се вклучи во акцијата за помош на загрозените жители од подрачјатата на Скопје, погодени од големата поплава.

По катастрофалното невреме што го зафати главниот град, однесе голем број жртви и остави зад себе нефункционални и руинирани домови, компанијата Прилепска Пиварница ја потврди својата општествено одговона страна и се обиде да им помогне на најпогодените семејства.

 

Компанијата, секогаш филантрописки ориентирана останува и понатаму будно да ја следи тешката ситуацијата во која се најдоја голем број на граѓани од нашата земја и во секој момент е подготвена да делува со секаква помош, онаму каде што тоа е неопходно. 

 
 
09.08.2016 - 14:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега