Се породи жената што ја вадеа пожарникари од возило - каква е состојбата?

Бремената жена која доживеа хорор кога остана приклештена во автомобил по страшна сообраќајка на патот Градско-Прилеп, се породи. Бремената жена поради која пожарникарите мораа да го сечат возилото, вчера на свет донесе бебенце, пренесува Дневник.

Жената се породила со царски рез како итен случај и заедно со бебето е во добра состојба, пишува порталот.

Инаку, сообраќајката се случи завчера во 7 часот и30 минути кога се судрија две возила. Две лица беа повредени.

За среќа драмата немаше трагичен крај.

 
 
10.08.2016 - 08:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега