Македонската полиција откри цела нива со дрога
Од страна на увидна екипа од полицијата во Гостивар, извршен бил увид на земјоделска парцела во атар на селото Неготино-Општина Врапчиште, лоцирана на левата страна на автопатот Гостивар-Тетово, на местото .„Неготинска клучка“ при што се пронајдени самоникнати 700 стебла слични на видот канабис сатива.
Пронајдените растенија се искорнати и подигнати за понатамошна постапка.
10.08.2016 - 12:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа