Викендот почна лошо но... - временска за три дена

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер, кој вдолж Повардарието и во источните делови повремено ќе достигнува брзина и над 90 км/час. Дневните температури ќе бидат значително пониски во однос на денешниот ден. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Температурата ќе се движи од 17 до 27 степени. 

Во Скопје ќе биде променливо облачно, ветровито и доста свежо со локален дожд претпладне. Ќе дува засилен северен ветер.

Температурата ќе достигне до 24 степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно, но во сабота се уште со повремено засилен северен ветер. Стабилно ќе биде и од понеделник, а дневната температура ќе продолжи постепено да расте.

 
 
12.08.2016 - 09:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега