Трагедија во Македонија: Работник почина на лице место по пад од 5 спрат
47-годишен работник паднал од петти кат на хотел кој се гради во Маврово. Како што дознава Канал 77 несреќата се случила утринава околу 10 часот, а на работникот веднаш му била пружена помош, но за жал починал поради сериозноста на повредите.
Тој имал повреди на главата и телото.
Се работи за несреќен случај при работа.
12.08.2016 - 13:35
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа