Прегазен пешак во Скопје се бори за живот

 

Страшна несреќа се случи во 19 часот и 20  минути во Скопје, на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, во непосредна близина со крстосница со улицата „9- ти Мај“. Мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од 18-годишниот Д.И.  од Скопје, удрил во пешак. Се работи за 51-годишниот С.С. од селото Лабуништа, струшко. Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот на мопедот, додека кај С.С. се констатирани тешки телесни повреди и истиот се наоѓа во животна опасност.

Екипа од СВР Скопје извршила увид на местото на настанот.

 
 
12.08.2016 - 14:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега