Приведен скопјанец: Направил инцидент во хаосот во Ченто
Во 08 часот и 35 минути на обиколницата на клучка Арачиново, застанало моторно возило „Мицубиши Пајеро“ управувано од 43-годишниот Н.Г. од Скопје, кој сакал со возилото да се движи кон населба Ченто. Откако му било кажано дека не може да се движи бидејќи сообраќајот е времено затворен, Н.Г. почнал да ги навредува и омаловажува полициските службеници, притоа непочитувајќи ја издадената наредба да не се задржува и да го напушти просторот. По ова од страна на полициските службеници се превземени мерки за лишување од слобода, по што Н.Г. со голема брзина го напуштил местото и се упатил кон клучка Хиподром. Лицето набргу било пронајдено и лишено од слобода.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа