Веќе има струја и вода: Се работеше деноноќно во Црешево

И во Црешево, како и во останатите населени места зафатени од саботното катастрофално невреме, се работи на терен и се санираат штетите.

Граѓаните се задоволни од досегашните превземени активности и од тоа како течат работите за расчистување на последиците од поплавата.

-Се работеше деноноќно, велат мештаните на Црешево.

И тука главен проблем беа улиците, кои сега се санирани. Механизацијата пак, се пренасочува онаму каде што е најпотребно.

Во Црешево во моментов има и струја и вода, а на терен се и екипите за проценка на штети.

 

-200 полициски службеници, 100 лица од АРМ и волонтери се на терен. Над 3.000 лица само денеска се на терен низ поплавените села, истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков, кој и денеска е на терен меѓу граѓаните.

Заедно со Чавков, на терен се и министерот за транспорт и врески Владо Мисајловски, како и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

 
 
12.08.2016 - 15:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега