Тимовите за проценка на штети активно работат на терен - попишани над 500 возила

Севкупно на терен се околу 60-тина тимови кои вршат увид и попис на штети на недвижности, движен имот, моторни возила, сточен фонд и земјоделско земјиште.

Надлежните тимови за проценка на штети од катастрофалното невреме кое го зафати скопскиот регион активно работат на терен.

Заклучно со вчерашниот ден, извршен е увид во над 2.100 домаќинства каде што се попишувааат оштетувањата на недвижниот и движен имот.

Исто така, заклучно со вчера се попишани и над 500 моторни возила кои се оштетени во поплавите.

И земјоделските тимови продолжуваат со увид и попишување на штетите на сточниот фонд и земјоделското земјиште.

 

 
 
13.08.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега