Неуморно се работи на терен: Жителите на Стајковци задоволни од брзата интервенција

И денеска во Стајковци неуморно се работи на терен. Целосно се расчистени улиците 1, 2, 3, 4 и 5, имаат и струја и вода, а жителите на истите се задоволни од брзата интервенција.

-Ова е најстара улица од ова село, истата денеска е исчистена и целосно завршена благодарение на брзата интервенција на полицијата и војската, како и „Дрисла“ која со нејзините камиони и работници направи оваа улица за три дена да биде оспособена без никаков проблем. Што се однесува до водоводот и канализацијата- поплавата беше ноќта, а сабајлето во 7 часот веќе имавме цистерни. Луѓето прашуваа што треба да се помогне и помагаа, вели Ацо Смилевски, жител на улицата број 2, една од најпоплавените во Стајковци, која сега е комплетно исчистена.

На исчистените улици е извршена комплетна дезинфекција и дератизација.

-Ние сме најблагодарни, бидејќи со таква вода, со толкава брзина не можеш да се освестиш со каква брзина дојде, вода имаше метар ипол и поплави се- куќи, улици, носеше се, народот писка, бараат помош, не знаеш на која страна да искочиш и на кого да му помогнеш… 100 процентно сите се залагаа. Војската и полицијата го направија ова да биде средено. Влегуваа во секој двор, во секоја куќа. Секое утро доаѓаа не будеа и ни нудеа помош. Црвен крст исто така секој ден доаѓа и храна ни носи на врата. Благодарност голема до сите, додава Смилевски.

 
 
13.08.2016 - 14:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега