Груевски: Над 3.000 луѓе се на терен и помагаат - јавна благодарност до нив
Околу 3.000 луѓе- волонтери, војска и полиција се на терен, од кои најголем дел се и од ВМРО-ДПМНЕ, активисти и членови кои по повик на партијата и на општинските комитети заминаа таму и секојдневно се таму, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој денеска беше гостин во Вестите на ТВ Сител.
-Практично, ако се земат и огромен број на работници кои освен како волонтери дојдоа и преку одредени јавни претпријатија или на повик на градоначалници, организирани од наши градоначалници, веројатно над 70-80 проценти од луѓето кои во минатите денови помагаа беа наши членови и активисти. Се разбира имаше и други граѓани кои помагаа и на сите би сакал да им упатам јавна благодарност за сето тоа што го правеа во минатите денови и денеска и се надевам во наредните денови, додаде Груевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа