Груевски: Авансното обесштетување ќе помогне на најпогодените граѓани

Владата ќе изврши делумно авансно плаќање на она што треба да им се даде на граѓаните, рече Груевски во своето гостување во вестите на Сител телевизија.

-Еден дел од обесштетувањето, помал, но значаен за граѓаните, ќе биде авансно исплатен, а подоцна кога ќе се завршени точните пресметки колку на која куќа треба да се исплати, тогаш остатокот, поголемиот дел, ќе биде исплатен. Со ова ќе се овозможи да се даде прва исплата која во овој момент е најважна за луѓето, особено за оние кои ја имаат изгубено цела покуќнина. Има куќи кои се на два ката и таму некако може да се сместат на горниот кат, но има и куќи на еден кат и тие немаат многу алтернативи. Сопијат или по роднини, пријатели, комшии, по прифатните центри и така натаму. За нив е екстремно е важно да стигне барем еден дел од средствата со кои владата ќе помогне, изјави тој.

 
 
13.08.2016 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега