Почина портпаролот на партијата ДОМ

 

Почина Тони Ристов долгогодишен портпарол на ДОМ, соопштија денеска од партијата на зелените.

- Го изгубивме Тони, кој беше долгогодишен портпарол на ДОМ и  лицето на македонските зелени. Со него изгубивме топол и искрен човек, но и страсен екологист и борец за правда, се истакнува во соопштението.

Од ДОМ информираат дека посмртните останки ќе бидат изложени утре од 10 до 11 часот во капелата во Ѓорче Петров.

 
 
14.08.2016 - 12:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега