ФОТО: Груевски, Трајановски и Трајковски на терен во Инџиково - жителите презадоволни

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, скопскиот градоначалник Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба Тони Трајковски денеска го посетија населеното место Инџиково, каде остварија средби со погодените од катастрофалните поплави.

Груевкси и градоначалниците им кажаа на граѓаните дека е донесена одлука за целосно обештетување од поплавите.

Жителите на ова населено место изразија благодарност за брзата реакција на надлежните. Припадници на армијата и волонтери им помагале за чистење на куќите и дворовите кои сега се дезинфицирани.

-Многу сме задоволни, ваква брза реакција немало до сега, на ниво беше. Благодарност, греота е да кажеме било што лошо, изјавија жителите.

 

 
 
14.08.2016 - 13:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега