Повеќе од 30 тужби од Македонци од САД за измамата со авиобилети

 

Повеќе од 30 тужби поднеле Македонците од САД ротив сопственичката на прилепската туристичка агенција „Сториа травел“, обвинувајќи ја за измама со евтини авиобилети. Како што дознава МЕТА, Македонци, иселеници, обвиниваат за измама со ветување дека купиле евтини авиобилети до скопскиот аеродром. Мешаницата настанала за време на новогодишните прослави за Македонците во дијаспората, кога, пејачката, Елена Јовчевска која ги забавувала, а е по потекло од Прилеп, им понудила евтини авиобилети до Македонија преку австриската авионска компанија „Aустриан ерлајнс“. Тие парите и ги исплаќале директно на сопственичката на туристичката агенција „Сториа травел“, Јасмина Јорданоска-Чебренска.

Како што вели за „Мета“ Љупчо Станчевски, кој 25 години живее во Охајо, во САД, над 30 Македонци веќе поднеле тужби против агенцијата.

 

– Секојдневно се поднесуваат тужби против агенцијата. Но и кога ќе се вратам во САД ќе поднесам тужба преку адвокат од таму. Парите се уште не ни се вратени, а немаме ниту контакт со некого од агенцијата – вели Станчевски за МЕТА.

Инаку, Чебренска е познато име во полициската евиденција. Таа во 2012 година како управител на прилепската туристичка агенција „Вијаџо“, доби 30 дена притвор за кривично дело измама. Пријавата до полицијата и до обвинителството беше поднесена од триесетина измамени граѓани кои платиле туристички аранжмани за Грција, Шпанија и за Египет, но ниту ја добиле услугата, ниту парите им се вратени. Полицајци, судии, обвинители, адвокати, пратеници и бизнисмени од Прилеп беа измамени од оваа туристичка агенција.

 
 
15.08.2016 - 14:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега