Осум негувателки ќе бидат привремено вработени во градинките во Кисела Вода

Осум негувателки за деца на возраст до пет години ќе бидат привремено вработени во градинките во општина Кисела Вода.

Како што соопштија од општината, работниот ангажман ќе се реализира врз основа на Договорот за соработка помеѓу општина Кисела Вода, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ).

Програмата Општинско-корисна работа преку проектот „Подобрување на човечките капацитети на градинките во општина Кисела Вода за потребите за згрижување на деца“ на осум евидентирани невработени лица со завршено ССС – IV степен со лиценца за негувател, ќе им овозможи работен ангажман од 6 (шест) месеци со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно.

Кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе добиваат паричен надоместок во висина од 6.200 денари, што вклучува персонален данок на доход и осигурување од случај на несреќа при работа и професионално заболување.

Заинтересираните невработени лица, пријави за учество во програмата „Општинско-корисна работа“ можат да подигнат и поднесат во Општина Кисела Вода до 19 август 2016 година. 

Овој проект, веќе втора година, општина Кисела Вода го спроведува преку Секторот за локален економски развој. Минатата година, во рамки на истата Програма, произлезена од Договорот за соработка помеѓу УНДП и Општина Кисела Вода и Агенцијата за вработување на РМ (АВРМ) беа ангажирани девет невработени лица, дефектолози, логопеди и негуватели кои добија шестмесечен работен ангажман во јавните детски градинки и основните училишта на територија на општина Кисела Вода. 

 
 
15.08.2016 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега