Верниците ги слават таткото и синот кои го напуштиле семејството за да му се посветат на Бога

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 август.

Денеска е Преподобни Исакиј, Далмат и Фауст.

Преподобен Исакиј има свој посебен празник во месец мај. Свети Далмат и Фауст беа татко и син. Далмат служеше во војската при императорот Теодосиј Велики, а потоа ја остави службата, го остави светот и заедно со син му Фауст стапи во еден манастир крај Цариград во кој игумен беше св. Исакиј. По смртта на Исакиј со манастирот управуваше Далмат, кој толку се прослави со својот подвиг и со добродетелта што и самиот манастир почнаа да го нарекуваат Далматски. Учествуваше на Третиот вселенски собор, борејќи се против ереста на Несториј. Се упокои мирно во петтиот век. А неговиот син Фауст го следеше татка си во се, а особено во добродетелта. Се упокои во Далматскиот манастир.

 
 
16.08.2016 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега