Не е време за славење - Јолевски по поплавите ја откажа прославата за Денот на АРМ

Министерството за одбрана ги откажа сите активности и прославата за Денот на АРМ кој е на 18 август, поради поплавите кои пред 10 дена му се случија на Скопје, носеа животи и оставија катастрофални последици. Како што пишува Утрински, Јолевски ги откажал сите активности. 

Генералот во пензија, Илија Николовски претходноо упати и отворено писмо до министерот за одбрана, во кое вели дека со целосна почит кон традицијата на великите денови на државноста и самостојноста на Република Македонија, сепак, нема да се појави на прославата на 24. роденден на Армијата, иако е таму од првите денови.

 
 
16.08.2016 - 10:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега